Квалификации за учество на Европскиот Куп за Гоничи на Зајак
Почитувани кинолози, ловџии и сопственици на ловни кучиња,
Согласно со програмата на Комисијата за ловна кинологија при КСМ, за оваа година се предвидени квалификации за состав на репрезентацијата на Македонија за учество на Европскиот Куп 2026 за Гоничи на гласен гон на зајак.
Ги повикуваме сите заинтересирани за учество на квалификациите да се пријават најдоцна до 31.01.2026!
Квалификациите се без уплата, т.е. бесплатно.
Услов за учество е кучето да поседува полн родовник признат од ФЦИ, со МР број и сопственик со адреса на живеење во Македонија.
Пријавувањете може да го направите директно кај членовите на комисијата Михајло Костовски (mihajlokostovski065@gmail.com) или Ацо Павловски (aco.pavlovski@yahoo.com) .
За термините и местото на одржување на квалификациите ќе бидете дополнително известени.










