Објави

Редовно годишно Собрание на Кинолошки Сојуз на Република Македонија

На 26.03.2025 година, во центар за култура “Марко Цепенков“ – Прилеп се одржа редовно годишно Собрание на Кинолошки Сојуз на Република Македонија, со следниот дневен ред:

1. Отворање на Собранието
2. Избор на верификациона комисија
3. Извештај на верификационата комисија
4. Избор на работно Претседателство, записничар и заверувачи на записникот
5. Усвојување на дневниот ред и Деловникот за работа на редовното Собрание на КСМ
6. Извештај за работата на КСМ во 2024 год
7. Усвојување на завршна сметка за 2024 год
8. Неподмирени обврски кон сојузот, согласно член 19 од Статутот на КСМ
9. План за работа на КСМ за 2025 год
10. Прием на нови членки на КСМ
11. Разно

Се донесоа следните Одлуки:

- Усвојување на завршна сметка на КСМ за 2024 година (во прилог) Завршна сметка 2024

- Досегашните членови на Извршниот орган на КСМ, во состав: Сашо Мариноски и Димитар Чугунцалиев. по поднесена оставка од функцијата членови на ИО, која е потврдена од мнозинството делегати на редовното Собрание, истите се разрешени од функција членови на ИО.
- Досегашниот член на Надзорен орган на КСМ Ангел Тамакаров, заради предлог за кандидирање на ова лице во друго тело на КСМ, истиот е разрешен од членство во НО од страна на мнозинството делегати на редовното Собрание.
- Се изгласаа новите членови на Извршен орган при КСМ, во состав: Ангел Тамакаров и Драган Китаноски
- Се изгласа нови член на Надзорен орган при КСМ, Игор Соколов
- Клубот за Шарпланинец, Интернационалната Асоцијација за Шарпланинец, Интернационалната Асоцијација за Доберман и Клубот за Караман се полноправни членки со право на глас без разлика на бројот на легла, од причина што преку Интернационалната Асоцијација за Шарпланинец и Интернационалната Асоцијација за Доберман не се вадат легла, а клубот за Караман не плаќа за родовници.

Attachments

Контакт

ул. Коста Шахов бр.6-1/1
Поштенски фах 728 1000 Скопје
Телефон: 02/3085 860 Факс: 02/3085 860
e-mail: karmkd@gmail.com