Објави

Услови за стекнување на наслов Шампион на Македонија:

Млад шампион на Македонија-J CH MK
На барање на сопственикот, КСМ ќе ја признае титулата Млад шампион на Македонија- J CH MK ако:
- кучето освоило три кандидатури Ј CAC MK (македонски сопственици);
- кучето освоило две кандидатури Ј CAC MK (странски сопственици);
- кандидатурите се доделени од најмалку двајца различни судии;
- кучето има титула J CH на држава со која КСМ има взаемен договор, со освојување на 1 кандидатура Ј CAC има право да се стекне со J CH MK;
- кучето освоило една титула првак во класа млади, ова може да замени освоена кандидатура CAC MK ако ја стекнало пред старост од 18 месеци.

Шампион на Македонија-CH MK
На барање на сопственикот, КСМ ќе го признае насловот Шампион на Македонија (CH MK) ако:
- кучето освоило три кандидатури CAC MK (македонски сопственици);
- кучето освоило две кандидатури CAC MK (странски сопственици);
- кандидатурите се доделени од најмалку двајца различни судии;
- кучето има титула CH на држава со која КСМ има взаемен договор, а со освојување на 1 кандидатура CAC има право да се стекне со CH MK.

Гранд шампион на Македонија-GRAND CH MK
На барање на сопственикот, КСМ ќе го признае насловот Гранд шампион (GRAND CH MK) доколку:
- кучето е веќе прогласено за Шампион на Македонија (CH MK) и
- освоило една кандидатура CAC MK по прогласување за Шампион на Македонија (CH MK).

Балкански шампион – BALKAN CH
На барање на сопственикот, КСМ ќе го признае насловот Балкански шампион (BALKAN CH) доколку:
- кучето е веќе прогласено за Шампион на Македонија (CH MK),
- кучето е веќе прогласено за Шампион на уште една балканска држава и
- освоило една кандидатура CAC MK по прогласување за Шампион на Македонија (CH MK) и со веќе стекнат наслов на Шампион на уште една балканска држава.

Шампион на ветерани на Македонија
КСМ ќе го признае насловот Шампион на ветерани на Македонија на барање на сопственикот ако кучето:
- освоило два наслова Првак во класа на ветерани, и
- ако насловите се доделени од двајца различни судии.

Контакт

ул. Коста Шахов бр.6-1/1
Поштенски фах 728 1000 Скопје
Телефон: 02/3085 860 Факс: 02/3085 860
e-mail: karmkd@gmail.com