На 22.02.2024 година, во конгресна сала на хотел Палас, Крушево се одржа редовно годишно Собрание на Кинолошки Сојуз на Република Македонија, со следниот дневен ред:
1. Отворање на Собранието
2. Избор на верификациона комисија
3. Извештај на верификационата комисија
4. Избор на работно Претседателство, записничар и заверувачи на записникот
5. Усвојување на дневниот ред и Деловникот за работа на редовното Собрание на КСМ
6. Извештај за работата на КСМ во 2023 год
7. Усвојување на завршна сметка за 2023 год
8. Неподмирени обврски кон сојузот, согласно член 19 од Статутот на КСМ
9. Усогласување на Статутот на КСМ со новиот Статут на FCI од 2023 год (измени и дополнувања)
10. План за работа на КСМ за 2024 год
11. Прием на нови членки на КСМ
12. Разно
Се донесоа следните Одлуки:
- Усвојување на завршна сметка на КСМ за 2023 година (во прилог) Zavrsna 2023
- Се усвојува Статутот на Кинолошкиот сојуз на Република Македонија со изгласаните промени и неговото усогласување со Статутот на меѓународната кинолошка организација FCI (Federation Cynologique Internationale), на Член 31 и бришење на Член 37 и Член 38 од истиот.
- Национален Кане Корсо клуб – Прилеп, КД Пелистер – Битола и КД 11 Октомври – Прилеп, ги исполнуваат условите и се примаат како полноправни членки на КСМ
- Се прифаќа направената пререгистрација на Здружение на граѓани за унапредување на кинологија и ловство Македонски Царски Загар во клуб за Македонски Царски Загар.
- Шнауцер клуб од Скопје и Кинолошки клуб за Шарпланинец се примаат како привремени членки на КСМ и во наредните две години ќе можат работно да учествуваат на Собранието, без право на глас
- Интернационална Шарпланинец Асоцијација и Интернационална Доберман Асоцијација, се примаат како стални членки на КСМ, без право на глас на Собранието на КСМ.
- Се прогласува мораториум за прием на нови членки во КСМ сем досегашните асоцијативни во период од 22.02.2024 до првото Собрание во 2027 год
- Секој расов клуб, членка на КСМ може да поднесе барање до ИО или СС со кое ќе побара да ја земе контролата врз пријавата на легла за расата за која е формиран, доколку исполнува услов со кој мин 50 % од вкупниот број на легла за расата регистрирани во КСМ за предходната год биле регистрирани преку истиот.










