Почитувани,
СС при КСМ го одреди првиот термин за полагање на испит за кинолошки судии и приправници.
Испитот ќе се одржи на 10 и 11.06.2023 год, за местото на настанот дополнително ќе бидете известени.
Кандидатите можат да се пријават за полагање на кинолошки испит согласно Правилникот за полагање испити за кинолошки судии и приправници, со приложен пополнет формулар-пријава за полагање испит за кинолошки судија/приправник, потврди за завршени стажирања и уплата со износ од 3000,00 ден., најдоцна до 20.05.2023 год.
Во наведените денови ќе се одржи и испит за записничари и секретари во ринг, заинтересираните да се пријават преку нашиот e. mail.