Се замолуваат сите кинолози-одгледувачи и сопственици, без разлика која раса ја чуваат, а доколку во изминатите 4 години од 2018-2022 год имаат снимано
HD -ED (колкови и лакти), да ни достават бројка на кучиња кои што се снимани, по година и раса и информација дали истите се снимани во нашата држава или странство.
Ова се однесува и за сите ветеринари кои имаат ренген или планираат во иднина да набават.
Овој повик е со цел да се вклучиме во програмата на FCI за едукација на стручен кадар, кој во иднина би можел самостојно да ги евалуира снимките и дава FCI признат сертификат за HD-ED, а со тоа, македонските одгледувачи и сопственици би добивале македонски сертификат за HD-ED.
Претседател на КСМ
Јордан Христовски