Објави

Одлука за вонредно оценување

Ве известуваме дека согласно Одлуката на ИО, со која од 01.09.2019 година се воведени нови листи за вонредно оценување, со што старите вонредни оценувања повеќе не важат, КСМ со цел да им излезе во пресрет на сите сопственици на кучиња кои имаат стари вонредни оценски листи и да не ги изложи на нови трошоци, СС при КСМ донесе Одлука да во текот на месец јули и август (по добиена согласност за собири од соодведното министерство) ќе изврши ревијални смотри во повеќе градови во Македонија, на кои бесплатно ќе бидат оценети сите кучиња кои претходно биле вонредно оценети, со што од 01.09.2020 год. дефинитивно нема да важат старите вонредни оценски листи.
За учество на ревијалната смотра и оценување на кучето, задолжително е приложување на стара вонредна оценска листа, сем ова, кучето задолжително во родовникот мора да има впишана сопственост, заверена од КК/КД, како и микрочип.
За датумите и местата на одржување на ревијалните смотри, ќе бидете дополнително известени.

Нагласуваме, дека на овие ревијални смотри нема да се оценуваат кучиња кои предходно не биле вонредно или воопшто оценети.

Контакт

ул. Коста Шахов бр.6-1/1
Поштенски фах 728 1000 Скопје
Телефон: 02/3085 860 Факс: 02/3085 860
e-mail: karmkd@gmail.com