Почитувани,
СС при КСМ донесе Одлука за задолжително мерење на кучиња од расата Германски шпиц – 5 ФЦИ група и Пудла – 9 ФЦИ група, како на вонредни оценувања, така и на организирани изложби.
Најголем број од експорт родовниците од повеќето држави, а пред се од КС на Р. Србија, во родовниците се запишани само како Германски шпиц и Пудла.
Според стандардите постојат повеќе вариетети, затоа е потребно да се изврши мерење на овие раси на возраст од најмалку навршени девет месеци и во оценскиот лист задолжително ќе се наведе расата: Среден, мал, џуџест шпиц – Померанец, или ако е во прашање пудла: тој, мала, средна или голема. Мерките мора да бидат објективни (мерење на висината со метро – изразени во цм) и задолжително мора да бидат запишани во оценскиот лист.