Почитувани,
Според член 72 од правилникот за стручна работа при КСМ,
свикувам собир на судии и приправници, кој ќе се одржи во период помеѓу 1-10.11.2018 год,
за што ќе бидете благовремено известени и за дневниот ред на собирот.
Во меѓувреме, одредената комисија (Миле Алексоски, Слободан Милошевски, Перо Божиновски, Бранко Тасевски, Јане Серафимов и Габриел Стибел) веќе работи на предлог правилникот за стручна работа, за што ќе бидете информирани.
Истовремено, СС на КСМ ве информира дека излезе од печат новата номенклатура на расите, која можат да ја подигнат сите кинолошки судии и приправници, како и претставници на кинолошки друштва и клубови.
Претседател на СС на КСМ
Перо Божиновски