СС на КСМ, на состанокот одржан на 28.03.2018г. донесе одлука, традиционалната манифестација ШОУ НА ШАМПИОНИ да продолжи и во текот на оваа година.
Затоа е потребно сите сопственици чии кучиња во текот на 2018 година ќе се стекнат со назив МЛАД ШАМПИОН или ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА, да се натпреваруваат со сите освоени признанија и титули во текот на целата година.
Информацијата е доставена до сите кинолошки друштва и клубови, кинолошки судии и приправници и истата е јавно објавена на веб страната на КСМ.
Се замолуваат сите кинолошки друштва и клубови да го информираат своето членство за оваа значајна кинолошка манифестација, која ќе допринесе за развој на кинологијата во Македонија.