Дисциплинскиот суд при Кинолошкиот сојуз на РМ постапувајќи по барањето поднесено од Надзорниот одбор на Кинолошки сојуз на РМ, за поведување на дисциплинска постапка против осомничениот Слободан Настески од Скопје, Генерален секретар на Кинолошкиот сојуз на Македонија, по одржаната расправа на ден 15.01.2016 година, ја донесе следната
О Д Л У К А
Се огласува за виновен осомничениот Слободан Настески од Скопје, Генерален секретар на Кинолошкиот сојуз на Македонија за прекорачување и злоупотреба на овластувањата дадени со статутот и другите нормативни акти на Кинолошкиот сојуз на Република Македонија од член 7 став 6 (6.2) од Правилникот за начинот и постапката за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност.
Согласно член 15 в.в. со член 13 став 1 точка 5 од Правилникот за начинот и постапката за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност, му се изрекува Дисциплинска мерка:
Исклучување од учество во кинологијата за период од 5-пет години.