Стручниот совет на Кинолошкиот сојуз на РМ на својот состанок одржан на ден 09.12.2015 година, врз база на согласностите на членовите (во прилог)
постапи според следното:
Разгледувајки ја одлуката на Извршниот одбор на Кинолошки сојуз на РМ во врска со времена суспензија на Слободан Настески од функцијата генерален секретар на Кинолошки сојуз на Република Македонија, Стручниот Совет на КСМ целосно ја прифаќа и одобрува.
Според член 75 од Правилникот за стручна работа на КСМ став 4 “во Стручниот Совет по автоматизам влегува генералниот секретар на КСМ”,
Прифакајќи ја одлуката на Извршниот одбор на КСМ , СС на КСМ едногласно донесе
ОДЛУКА
Член 1
Лицето Слободан Настески автоматски времено се суспендира според именуваната точка од Правилникот за СС на КСМ и не е повеќе член на ова стручно тело.
Претседател на СС на КСМ
Перо Божиновски