Објави

Испит за кинолошки судии

Ве известуваме дека Стручниот совет на КСМ, по извршените консултации закажа испит за кинолошки судии.

Испитот се свикува според Правилникот за стручна работа и годишниот план за работа на СС на КСМ за 2015 година.

Испитот ќе се одржи на 13 и 14 ноември 2015 во просториите на Кинолошкиот сојуз на Република Македонија.
Распоредот за полагање, како и времето во кое ќе биде одржан испитот, распределените кандидатите за полагање ќе го добијат на својот меил.

Кандидатите кои ќе го полагаат кинолошкиот испит ги молиме најдоцна до 11 ноември 2015 да ја известат канцеларијата на КСМ по писмен пат за своето присуство и да приложат уплатница со извршена уплата од 3.000,00 денари на:

Жиро сметка: 210040679830198

Примач: Кинолошки сојуз на РМ

Банка на примач: НЛБ Тутунска банка

Цел на дознака: котизација за полагање кинолошки испит

Износ: 3.000,00 денари

Контакт

ул. Коста Шахов бр.6-1/1
Поштенски фах 728 1000 Скопје
Телефон: 02/3085 860 Факс: 02/3085 860
e-mail: karmkd@gmail.com