Почитувани
Затекнати од сторијата „ Клубот за Раса Бернардинец „Трофеј“ – Прилеп обвинува за саботажа на нивната изложба“ на web порталот www.10bez10.com каде како оштетен се споменува Ротвајлер Клуб Скопје од Скопје, би сакале да објавиме ДЕМАНТ во сите точки каде се споменуваме како оштетени.
Образложение:
Нашата соработка со Клубот за Бернардинец – Трофеј од Прилеп која ја воспоставивме минатата година досега беше коректна и на високо ниво. Сакајќи да излеземе во пресрет на членството на обата клуба, беше одлучено Ротвајлер Клуб Скопје да му помогне на Клуб за Раса Бернардинец во организацијата на нивната изложба со отстапување на дел од просторот кој ние како клуб го побаравме и го добивме за организација на нашата манифестација.
Во ниту еден момент немаше никакви преговори ниту пак договор за заедничко организирано сместување на гостите, организирање на заеднички ручек или пак нешто слично и од таа причина во гореневедениот случај ние не се наоѓаме оштетени од страна на Кинолошкиот Сојуз на Република Македонија или било кој поединец од истата организација каде сме активна членка.
Напротив, во врска со овогодинешната изложба КСМ и сите нејзини тела ( СС, УО, Претседателство и техничкиот персонал ) ни излегоа во пресрет и активно помогнаа Ротвајлер Клуб Скопје да направи голем кинолошки чекор напред.
И за крај сакаме само да истакнеме дека ова писмо нема за цел да заземе страна во отворениот „проблем“ помеѓу двете страни, туку да ја истекне моменталната реална состојба и нашата „поврзаност“ со случајот.
Со почит
Ротвајлер Клуб Скопје