Извршниот одбор на Кинолошки сојуз на РМ на својот состанок одржан на ден 22.05.2015 година, ја донесе следната:
О Д Л У К А
за потврдување на дисциплинска мерка исклучување од кинологија на лицето Зоран Ивановски во период од 5 години
Член 1
Извршниот одбор на КСМ на својот состанок одржан на 22.05.2015 година ја потврди изречената казнена мерка за лицето Зоран Ивановски
во одлуката на Дисциплинскиот суд на Кинолошки сојуз на Република Македонија.
Член 2
Лицето Зоран Ивановски е суспендиран во период од 5 години почнувајќи од 22.05.2015 до 22.05.2020 година како:
- Меѓународен и Национален кинолошки судија
- суспендиран од сите кинолошки активности и учество во кинологијата како член, одгледувач, изложувач и водич на кучиња
на кинолошки манифестации во земјата и во странство
- исклучено е името на одгледувачницата Kaiserkraft во негова сопственост од регистарот на Кинолошки сојуз и регистарот на ФЦИ
Член 3
Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
Со почит,
Претседател на Извршен одбор на Кинолошки сојуз на РМ
Сашо Пешев