Почитувани,
со особено задоволство ве известуваме дека Кинолошкиот сојуз на Република Македонија денес стана полноправна членка на светската кинолошка федерација под уставно име.
Од името на претседателот на Кинолошкиот сојуз на Република Македонија – Господинот Сашо Пешев им се заблагодаруваме на целиот тим и канцеларијата на КСМ кои придонесуваат за подобрување и развој на кинологијата во Република Македонија со континуирана работа и посветеност до остварувањето на овој значаен успех.