Секоја година реномираната компанија P&G (Procter & Gamble) каде спаѓа и брендот Еукануба организира кинолошка манифестација Eukanuba World Challenge.
Манифестацијата се одржува во месец Декември во САД, Орландо-Флорида (14 и 15 декември).
Организациониот комитет на оваа манифестација достави допис до претседатолот на Кинолошкиот сојуз на Република Македонија, Г-динот Панче Дамески како и до генералниот менаџер и дистрибутер на Еукануба за Македонија, Г-динот Перо Божиновски. Со цел да се изврши избор на најубаво куче кое ќе ја претставува Македонија на Eukanuba World Challenge 2013 – European Qualifying event kој ке се одржи во рамките на Светската изложба во Будимпешта -Унгарија од 16 -19 Мај 2013 год.
Македонија се наоѓа во групата на 23 земји кои ќе се напреваруваат за избор на 2 кучиња кои ке патуваат на завршната манифестација во САД. Тука спаѓаат земјите : Азербејџан, Белорусија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Естонија, Грција, Грузија, Ирска, Израел, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Монако, Романија, Сан Марино, Србија, Словачка, Словенија, Украина, Турција, кои ќе им се приклучат на останатите земји (Германија, Велика Британијa, Шпанија, Русија, Јапонија, Аргентина, Австралија, Нов Зеланд, Мексико, САД и др.)
Правила и услови за учество:
-кучето кое ќе се натпреварува мора да биде регистрирано во КСМ минимум 1 година
- да е национален шампион на земјата
-да е пријавен на Светската изложба во Будимпешта-Унгарија 2013
Организаторите и претставниците не ги покриваат трошоците за пат и престој во Будимпешта.
На победниците (2-те кучиња) на европските квалификации ке им бидат платени сите трошоци (пат-престој) од 5 дена во Орландо (САД).
Двете најубави кучиња ќе учествуваат на Eukanuba World Challenge 2013 во Орландо и ќе се борат за титулата Eukanuba World Challenge Champion и за награда од 10.000 долари за прво, 3000 долари за второ и 2000 долари за трето место.
Нашиот избор за најубави 2 кучиња (1 победник и 1 резерва) ќе се одржи на 04 Мај (сабота) во Скопје во склоп на изложбите што ги организира КСМ.
Сите заинтересирани од Р.Македонија своите кучиња можат да ги пријават во Кинолошкиот сојуз до 02 Мај 2013год. (пријавата е бесплатна)