Почитувани,
Ве известуваме, дека на ден 15.02.2019 год (петок), во попладневните часови
Кинолошки сојуз на РМ (КСМ), ќе одржи предавања – континуирана едукација на кинолошки судии и приправници.
Како предавачи ќе бидат ангажирани: Проф.др.Владимир Петков, Денис Новак DVM, MRCVS
и Горан Цветковиќ DVM, MBA.
Темите на семинарот се од областа на репродукција-размножување на кучињата, како и дисплазија на колковите и лактите.
Предавањата ќе се одржат во салата за репродукција, на факултетот за ветеринарна медицина.
За точното време, дополнително ќе бидете информирани.
Бројот на места е ограничен, затоа ве молиме, благовремено да се пријавите.
Сите посетители ќе добијат сертификати за учество.
Предавањето се одржува според предвидениот план за работа на СС на КСМ.
Благодарима на соработката.
Дописот е доставен до сите кинолошки судии и приправници, како и на веб страната на КСМ.
Претседател на СС на КСМ
Перо Божиновски
DVM,SPEC