За нас

Природните убавини на Република Македонија изобилуваат со прекрасни пејсажи богати со големи пространи низини и висорамнини кои придонеле уште од старо време во овие предели да се развива сточарството. Со развитокот на сточарството особено одгледувањето на овци, неминовно луѓето од овие предели почнале и со одгледување на овчарски кучиња кои им помагале во чувањето на големите стада со овци.

Во историските пишани факти уште од времето кога Македонија била под турската империја во тогашните даночни книги кои дотираат од 1899 година биле заведени над 700 овчарски кучиња и тоа само од северо-западниот дел на Македонија. Во почетокот на XX век кинологијата во Македонија се развивала, но сеуште во несофистицирана форма.

Доказ за развитокот на кинологијата во овие краишта е и признавањето на автохтоната раса ШАРПЛАНИНЕЦ во 1939-та година. По завршувањето на првата светска војна во Македонија во сега далечната 1946 година почнало одгледувањето, размножувањето и искористувањето на расните кучиња да се врши контролирано стручно, плански и наменски. Од тоа време датира кинолошката секција која била составена од ловци – кинолози аматери кои биле членови на ловечкото друштво Скопје. Во тоа време за првпат од неколку ентузијасти кинолози – ловци се формира првото кинолошко друштво на НРМ – “Скопје” со седиште во Скопје Oд страна на кинолошкото друштво “Скопје” е организирана и првата кинолошка приредба која се одржала во градскиот парк во Скопје.

webslika

Во 1953 година е формиран и регистриран кинолошкиот сојуз на Република Македонија. Се до 1969 година КСМ беше воден под патронатот на тогашниот југословеснки кинолошки сојуз (ЈКС) кои беше член на меѓународната кинолошка федерација FCI. Со децентрализацијата на родовната книга на ЈКС, КСМ почнува да води своја родовна книга од 1969 година. Развојот на кинологијата во Македонија допринесе да во 1979 година во Скопје се одржува првата сојузна изложба на сите видови расни кучиња (CAC). 10 години подоцна 1989 кинологијата во Македонија добива меѓународна афирмација. Тогаш се одржува и првата меѓународна изложба на сите видови расни кучиња (CACIB).

По осамостојувањето на Македонија во 1991 година КСМ започнува да работи како самостоен Кинолошки сојуз на Република Македонија. Тогаш започнуваат и подготовките за прием на КСМ во членството на меѓународната кинолошка организација FCI. Кинолошкиот сојуз на Република Македонија во 1996 година е примен како договорен член на FCI. Во 2001 година на 4 јуни од страна на генералното собрание на FCI одржано во Лисабон од договорна членка на FCI, КСМ е примен како асоцијативен придружен член на FCI.
На Генералното собрание на ФЦИ на 08 Јуни 2015 година Кинолошкиот сојуз на Република Македонија стана полноправна членка под името Кинолошки сојуз на Република Македонија – Kennel Association of the Republic of Macedonia, што е големо признание за кинологијата во Македонија.
Како стална членка на Мегу­на­родната кинолошка федерација – ФЦИ, ние се уште ја развиваме кинолошката култура во нашата земја. Поради тоа, задоволство ни е што ја имаме можноста да ја креираме и промовираме кинологијата во РМ, а со тоа и новиот пристап на ФЦИ кој секогаш не инспирира. Визијата на КСМ е да стане лидер во регионот кога е во прашањето едукацијата, а тоа значи да ги учи лугето за одговорното сопствеништво, благосостојбата, како и однесувањето и интеракцијата со кучињата, а со самото тоа и развојот на општеството кое ке ги сака и почитува кучињата.

Структура на Кинолошки сојуз на Република Македонија

Претседател

Јордан Христовски

Заменик Претседател

Горан Дојчиноски

Извршен одбор

Горан Дојчиноски

Димитар Чугунцалиев

Томе Бундалев

Мирослав Трајков

Сашо Мариноски

Митко Илканоски

Драган Златановски

Блаже Пончев

Контакт

ул. Коста Шахов бр.6-1/1
Поштенски фах 728 1000 Скопје
Телефон: 02/3085 860 Факс: 02/3085 860
e-mail: karmkd@gmail.com