Кинолошкиот сојуз на Република Македонија со особена чест и задоволство да Ве поканува да учествувате на советувањето за Шарпланинец што ќе се одржи на ден 24 Февруари 2013 година во Хотел Монтана во Крушево со почеток во 11 часот.
Котизацијата за учество на советувањето изнесува 700 денари. Во котизацијата е вклучено учество на советувањето, кафе пауза и заеднички ручек за учесниците. Доколку сакате да преноќите во хотелот Монтана, цената за ноќевање со доручек на 23.02.2013 година е 1.500 денари. Резервации на: info@montanapalas.com.mk или на телефон 048/477-121.
Заради поуспешна организација на советувањето Ве молиме сите Ваши предлози и сугестии да ги доставите на официјалниот меил на Кинолошки сојуз на РМ: karmkd@gmail.com најдоцна до 17.02.2013 година.
Ве молиме Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 21.02.2013 година.