Ве известуваме дека Стручниот Совет на КСМ на својот состанок одржан на 01.12.2012, согласно член 47 од Статутот на Кинолошки сојуз на Република Македонија, донесе одлука за свикување на собир на кинолошки судии и приправници.
Годишниот собир на кинолошки судии и приправници ќе се одржи на ден 16.12.2012 (недела), со почеток во 10 часот во амфитеатарот на Ветеринарниот институт во населбата Автокоманда- Скопје.