На 11.03.2026 година, во хотел “Ангро Палас“ – Кавадарци се одржа редовно годишно Собрание на Кинолошки Сојуз на Република Македонија, со следниот дневен ред:
1. Отворање на Собранието
2. Избор на верификациона комисија
3. Извештај на верификационата комисија
4. Избор на работно Претседателство, записничар и заверувачи на записникот
5. Усвојување на дневниот ред и Деловникот за работа на редовното Собрание на КСМ
6. Извештај за работата на КСМ во 2025 год
7. Усвојување на завршна сметка за 2025 год
8. Неподмирени обврски кон сојузот, согласно член 19 од Статутот на КСМ
9. План за работа на КСМ за 2026 год
10. Прием на нови членки на КСМ
11. Усогласување на член 46 од Статутот на КСМ со Правилникот за стручна работа
12. Разно
Се донесоа следните Одлуки:
- Усвојување на завршна сметка на КСМ за 2025 година (во прилог) КИНОЛОШКИ СОЈУЗ Годишна Сметка 2025
- Заради застареност се брише долгот на КД Скопје
- Исклучување од членство во КСМ на КД Анимал, Англиски Бул Териер клуб, Клуб за Кавкаски Овчар, Клуб Македонски царски Загар, КД Тумбак, Шнауцер клуб, КД Бистра и КД Астрион Канин, заради не придржување кон правата и обврските пропишани во Член 19 од Статутот на КСМ
- Здружение Македонски Ротвајлер клуб Кавадарци и Кинолошко друштво Охрид ги исполнуваат условите и се примаат како полноправни членки на КСМ
- Усогласување на член 46 од Статутот со член од ПСР, во ставот кој ги утврдува условите за кандидатите за членови на Стручниот совет, зборовите:„најмалку 5 (пет) години судиски стаж“, кои се заменуваат со зборовите:„најмалку 10 (десет) години судиски стаж“ и техничка измена на член 31 од Статутот










