Почитувани Кинолози
Почитувани одгледувачи, сопственици, и љубители на расните кучиња, Кинологијата во Македонија е исправена пред голема раскрница!
Имено, новиот “Предлог закон за измени и дополнување на законот за благосостојба на животните”, во иднина со сигурност ќе се укаже како погубен за расните кучиња во вистинска смисла на зборот.
Кон тоа Ве повикаваме на Панел Дискусија организирана од страна на Кинолошкиот Сојуз на Република Македонија во Природонаучниот музеј во Скопје, на 30.03.2022г. во 18: 00 часот.
Поканети се сите засегнати да земат учество во оваа Панел Дискусија.
Притоа очекуваме од учесниците во дискусијата да ги испратат нивните мислења предлози и ставови најдоцна до 29.03.2022 во пишана форма на email: karmkd@mail.com
Предлог законот:
https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=73407&fbclid=IwAR2m_4PsIY24Y3MmWQkWX-NvHn6ogFAYFbiXxa7m16qB8IRfiwHqnklkyGc
Со почит
Претседател г-Дин Јордан Христовски