Објави

ПАРЕЊЕ ВО СРОДСТВО

ПАРЕЊЕ ВО СРОДСТВО

Барање за парење во сродство се поднесува пред планираното парење.

Според член 7 од Правилникот за стручна работа, во делот ‘’Одгледување на расни кучиња’’ е наведено: Парењето во сродство до трето колено начелно не е дозволено. Може да се дозволи исклучиво во рамките на планираните одгледувачки комбинации, што мора да ги дозволи СС на КСМ.

Сите мажјаци и женки кои се користат за приплод мора да ги исполнуваат следните услови:

· да имаат оценка на надворешноста најмалку “добар”

· да имаат положено соодветно пробна работа за расата, ако тоа го пропишува ФЦИ (да се применува кога ќе се створат услови)

· да се имаат ренгенски наод за колковите (за расите што се бараат)

· да имаат позитивна оценка на одгледувачкиот преглед (ќе се спроведува кога ќе се створат услови за тоа), за што ќе донесе одлука СС на КСМ.

За одобрување на парење во сродство се поднесуваат потребните документи на увид:

Барање до СС на КСМ со уплата во износ од 600,00 ден, родовници со заверена сопственост и микрочип, оценски листи, сертификати

Контакт

ул. Коста Шахов бр.6-1/1
Поштенски фах 728 1000 Скопје
Телефон: 02/3085 860 Факс: 02/3085 860
e-mail: karmkd@gmail.com