Почитувани кинолози, почитувани пријатели кои сте вклучени во кинологијата,
сакаме да Ве известиме дека на ден 21.02.2019 година, делегација од КСМ,
предводена од Претседателот Јордан Христовски и членови на Извршниот одбор,
Димитар Чугунцалиев и Виктор Алексовски, остварија посета на Кинолошкиот сојуз на Р. Србија,
каде што беа пригодно пречекани од страна на Генералниот секретар Махмуд Ал Дагистани.
При посетата беше разговарано на повеќе теми кои ги засегаат двете страни.
Добрата вест што можеме со големо задоволство да ви ја пренесеме е дека
Генералниот секретар на КСС го прифати барањето на Претседателот на КСМ,
со кое македонските излагачи ќе плаќаат ист износ на надомест за пријава на предстојната
изложба ЦАЦИБ БЕЛГРАД 2019 како и домашните излагачи на Р. Србија.
Во оваа прилика сакаме уште еднаш да изразиме благодарност кон КСС за топлиот пречек и одлуката да цените на КСС да бидат исти за македонските, како и за домашните излагачи,
со што ни е направена голема чест нам, на македонските кинолози.
Како за крај, сакаме да ги известиме сите излагачи од Македонија кои имаат пријавено куче за предстојната изложба ЦАЦИБ БЕЛГРАД 10.03.2019 год. дека Извршниот одбор на КСМ донесе Одлука да организира превоз за сите излагачи и нивните кучиња.
Во таа насока, ги молиме сите заинтересирани да се пријават преку официјалниот e-mail на КСМ, при што ќе ги оставите вашите податоци и податоците за вашето куче, како и потврда за пријава за наведената изложба.