Кинолошкиот сојуз на Република Македонија се оградува и не ги поддржува кинолошките настани кои ќе бидат организирани од господинот Милан Галиќ од Србија, на територија на Република Македонија.
Овие настани не се поддржани од стручните тела при Кинолошкиот сојуз на Република Македонија, а со што се доведува во прашање и самата стручност на господинот Милан Галиќ, како и квалитетот на настаните кои ќе бидат одржани во негова организација.
Во врска со најавите за организирање кинолошки настани од странски државјани на територија на Република Македонија, Кинолошкиот сојуз остро се спротивставува и ги осудува како нелегитимни.
Против сите учесници на вакви нелегитимни и без согласност на Кинолошки сојуз на Република Македонија настани, ќе бидат преземени соодветни мерки пред органите на Сојузот и пред надлежните државни институции.