До
Кандидати за полагање на испит за судии / приправници
Почитувани,
Стручниот совет Ве известува дека испитот за кинолошки судии и приправници е ќе се одржи на 9 Март 2017 год (четврток) со почеток во 10 часот и 30 минути во просториите на Кинолошки сојуз на Македонија.
Ги молиме сите кандидати кои ги исполнуваат условите за полагање на испитот на меил адресата на Кинолошкиот сојуз да поднесат до канцеларијата на КСМ барањe за полагање испит и тоа:
- Пополнет образец за пријавување на испит
- Прилог исполнети потребните стажирања кои што стажирања ќе мора да соодветствуваат со уписот на кандидатот во каталогот на изложбата за која приложува стажирање
- За стажирањата исполнети во странство кандидатот да достави потврда барање кое е испратено од Кинолошкиот сојуз на РМ до странскиот организатор на изложбата
ОБРАЗЕЦОТ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ВИ ГО ИСПРАЌАМЕ ВО ПРИЛОГ НА ОВОЈ МЕИЛ, А ИСТИОТ МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ НА НАШАТА ВЕБ СТРАНА: www.ksm.org.mk
КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТОТ Е 05 МАРТ 2017 ГОДИНА
Би сакале да Ве известиме дека котизацијата за полагање на испитот изнесува:
- За испит за кинолошки приправник 2.000,00 денари
- За испит за кинолошки судија 3.000,00 денари
Котизацијата се уплаќа на жиросметката на
Кинолошки сојуз на РМ – 210040679830198,
НЛБ банка,
цел на дознака Котизација за испит,
најдоцна до 08.03.2017 година.
Со почит,
Стручен совет на КСМ