Објави

СВЕТСКИ ДЕН НА ЖИВОТНИТЕ

 

WAD

Обележувањето на Светскиот ден на животните ги обединува движењата за благосостојба на животните во глобална смисла со цел да го направи светот подобро место за сите животни.

Секој од нас може да направи разлика- заедно правиме промена!

Мисија: да се подигне статусот на животните во однос на подобрување на стандардите на благосостојба на глобално ниво.

За да се постигне оваа мисија се поттикнуваат сите организации за благосостојба на животните, групи, детски – младински клубови, и индивидуалци, да организираат настани во прослава на Светскиот ден на животните. Учеството се зголемува рапидно и огромен е бројот на манифестации кои се организираат ширум светот без разлика на националност, религија, вера или политичка идеологија.

Во текот на историјата, социјалните движења (масовни акции) како Светски ден на животните, отсекогаш биле еден од главните адути за учество на обичните граѓани во политиката и клучни во борбата за социјална правда и реформи. Животот на животните  длабоко зависи од активностите на  ангажирани  поединци, бизниси и нации.  Преку зголемување на јавната свест и едукација, може да помогнеме во развојот на внимателна култура која се влева во правните реформи и социјален напредок да се направи овој свет фер место за сите живи суштества. А светот каде што животните се признаваат како суштества со чувства, во целост се посветува за нивната благосостојба. За во иднина сите треба да се ангажираме за да нашите грижи кон животните не бидат само обележувајки го овој ден , туку постојано во текот на целата година кога на сите животни од сите видови им се дава единствена загриженост во секоја земја.

 Тоа е посебна можност да ја обележат нашата љубов и почит кон животните и со тоа нешто посебно да се потенцира нивната важност во светот. Тој ден ги обединува движењата  на благосостојбата на животните, се мобилизира во глобална сила за промени. Учеството  во обележувањето на Светскиот ден на животните расте секоја година, со огромен избор на инспиративна настани  се одржува во сé поголем број на земји.Во последните години овој ден се обележува со над 1000 настани во над 100 земји.

Некои од настаните кои се одржуваат на овој ден: едукациски и настани за подигање на свеста, ден посветен за вдомување на животни, групи за едукација на сопственици за работа со работни  животни, превенција за беснило едукација и вакцинирање, радио и телевизиски интервјуа за подигање на свесноста за проблемите со животните и мисијата на Светскиот ден на животните, конференции и работилници, едукациски настани во училиштата за едукација на младите, мирни протести  итн.

Идејата за Светски ден на животните потекнува од Heinrich Zimmermann  германски писател и издавач на магазинот  Man and dog (човек и куче )

Првиот настан е организиран  на 24 Март 1925 год во Берлин, а за прв пат е поместен на 04 Октомври  во 1929 год. Секоја година Zimmermann работел напорно во промовирање на светскиот ден на животните и конечно во 1931 год на светскиот конгрес на организации за заштита на животни што се одржал во Фиренца -Италија , неговит предлог за  04. Октомври да се прифати за светски ден на животните бил едногласно прифатен.

Zimmermann  бил уредник, писател и активист за правата на животните.

Првиот Светски ден на животните бил прославуван на 24 март 1925 год во спортската сала во Берлин -Германија. Преку 5000 луѓе учествувале на настанот. Прилината зошто првично се одржувал на 24 Март била едноставна. Салата на 04.Октомври била зфатена за друг настан а во тоа време немало друга сала со толкав обем која би можела да собере толку многу посетители во исто време .

Датата 04. Октомври е земена за прославување на Светскиот ден на животните во чест на Francis of Assisi , кој умеел да зборува со животните , па дури и проповедал на животните и успеал да припитоми волк.  Assisi  е град во Италија, северно од Рим каде во 1931 година , 705 години после смртта на Francis Аssisi, Светскиот ден на животните бил официјално прифатен.

Оваа година поетесата Сузан Ричардсон специјално за Светскиот ден на животните 2016 ја создаде поемата Waste (отпад), таа го свртува вниманието кон критичниот глобален проблем со океаните, загаденоста со отпадоци од секаков вид и труењата на животинскит свет.

Во моментов работат 92 Амбасадори во 74 земји, сите тие се дел од ова глобално движење за промени за животните.

Сите сопственици се должни да се грижат за своите миленици! За нивното сместување, здравје, исхрана и нега ,транспорт,  карактерот итн. Исто така и повеке да се запознаат со одредбите на Законот за заштита и благосостојба на животните. Во иднина КСМ планира подетално да ве запознае со одредбите од законот кои се однесуваат за кучињата , така што истите овде ке бидат цитирани.

Претседател на КСМ                                                   Претседател на СС на КСМ

Сашо Пешев                                                                   Перо Божиновски

Контакт

ул. Коста Шахов бр.6-1/1
Поштенски фах 728 1000 Скопје
Телефон: 02/3085 860 Факс: 02/3085 860
e-mail: karmkd@gmail.com