Објави

Одлука за судиска членарина

На одржан состанок на ден 24.12.2015 година, Стручен совет на Кинолошки сојуз на Република Македонија, ја донесе следната

О Д Л У К А

За годишна судиска членарина за 2016 година

Член 1
Висината на годишната членарина за 2016 година ќе биде со износ:
- 3.000,00 денари за кинолошките судии
- 2.000,00 денари за кинолошките приправници

Член 2
Крајниот рок за уплата на судиската членарина за 2016 година е 22.01.2016 година.

Член 3
Крајниот рок за уплата е определен соодветно заради ажурирање на листата со судии за 2016 година во КСМ и ФЦИ, и судиските активности кои почнуваат од 01 Февруари 2016 година.

Член 4
Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

 

Претседател на Стручен совет

Перо Божиновски

Контакт

ул. Коста Шахов бр.6-1/1
Поштенски фах 728 1000 Скопје
Телефон: 02/3085 860 Факс: 02/3085 860
e-mail: karmkd@gmail.com