Документација потребна за изготвување легла односно педигреа
1. Македонски родовник на женката односно експортен нострифициран родовник со македонски број (на странски родовник) на кој ќе има заверена сопственост со печат на кинолошки клуб или друштво.
2. Оценска листа од женката со најмалку оценка добар.
3. Копија од педигре од мажјакот со заверена сопственост со печат на кинолошки клуб или друштво. Доколку мажјакот е од друга држава, потврдата за парење треба да е од државата во која мажјакот има родовен број.
4. Оценска листа од мажјакот со најмалку оценка добар.
4. Потврда за парење заверена од сопствениците на мажјакот и женката, со нивни целосни имиња и презимиња, адреси на живеење, контакт телефон, меил и печат од кинолошкото друштво или клуб во кое членува сопственикот на мажјакот.
5. Пријава легло на која ќе биде потпишан одгледувачот на леглото, потпис и печат од овластеното лице кое направило увид на леглото и печат од кинолошкото друштво односно клуб.
6. Двата родители мора да се микрочипувани според Правилникот за идентификација на домашни миленици (сл. весник 18 од 01.02.2013) и Законот за идентификација и регистрација на домашните миленици (сл. весник 95 од 26.07.2013).