Стручниот совет на Кинолошки сојуз на РМ на својот состанок одржан на 28.01.2015 година ја донесе следнава:
ОДЛУКА
Член 1
Делегатите за сите кинолошки манифестации ќе ги делегира стручниот совет на КСМ.
Член 2
Дневницата за делегатите на кинолошките манифестации ќе биде на товар на Кинолошки сојуз на Република Македонија.
Член 3
Патните трошоци за делегатот на кинолошката манифестација ќе бидат на товар на организаторот на манифестацијата
Член 4
Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето.