Објави

Одлука за забрана за вонредно оценување на сите расни кучиња

Стручниот совет на Кинолошки сојуз на РМ на својот состанок одржан на ден 28.01.2015 година,  едногласно, ја донесе следната:

О Д Л У К А

за забрана за вонредно оценување на сите расни кучиња

Член 1

Од ден 01.02.2015 година се забранува вонредно оценување на сите расни кучиња.

 

Член 2

Вонредно оценување се дозволува само на кучиња доведени на денот на изложбата кои не се впишани во каталог, оценети вон конкуренција од двајца судии или делегатот кои судат истиот ден.

Изложбите на кои е дозволено вонредно оценување се само од ранг – Национални (ЦАЦ) и Меѓународни (ЦАЦИБ) изложби за сите раси на кучиња.


Член 3

Во вонредни ситуации, кучињата вонредно можат да се оценат само во просториите на Кинолошкиот сојуз на Република Македонија и тоа во присуство на три кинолошки судии.

 

Член 4

Цената на вонредното оценување ќе ја одреди Извршниот одбор на Кинолошки сојуз на РМ

 

Член 5

Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

Контакт

ул. Коста Шахов бр.6-1/1
Поштенски фах 728 1000 Скопје
Телефон: 02/3085 860 Факс: 02/3085 860
e-mail: karmkd@gmail.com