Почитувани,
Ве известуваме дека делегацијата на КСМ во периодот од 23 до 27.10.2014 година ќе учествува со штанд на КСМ на Европската изложба за сите раси на кучиња (23-26.10.) и на Генералното собрание на европската секција на ФЦИ-27.10.2014 во Брно, Чешка.
Од причина што Генералниот секретар на КСМ Слободан Настески кој е раководителот на работата на канцеларијата на КСМ по статут и едното вработено лице во КСМ Марија Гочева се во состав на делегацијата на гореспоменетиот службен пат во Брно, Ве известуваме дека во периодот од 22 до 29.10.2014 канцеларијата на КСМ ќе работи на тој начин што
- само ќе ја прима поднесената документација и нема да издава никаква документација на физичките лица, кинолошките друштва и клубови вклучувајќи го и издавање на родовниците
- органите и телата на КСМ со оглед на тоа што се до 21.10.2014 немаат поднесено никакви писмени барања или најава за нивна работа во горенаведениот период (22-29.10.2014 год) ќе можат доколку се појави потреба за нивна работа да работат во канцеларијата на КСМ со претходно писмено известување само после 29.10.2014 година.
Ви благодариме за разбирањето и соработката
Со почит,
Сашо Пешев
Претседател на КСМ