Дополнување и комплетирање на потврда за парење
Ве известуваме дека во документацијата за изработка на родовници
- потврдите за парење мора да бидат дополнети со контакт телефон или и-меил адреса на сопствениците на мажјакот и женката
- на потврдата за парење своерачно да бидат потпишани сопственикот на мажјакот и на женката.
Во врска со тоа Ве молиме во иднина сите документации за изработка на родовници да ги содржат следните податоци:
- печатот од вашето друштво/расов клуб
- своерачен потпис и судиски печат од овластеното лице за увид на леглото
- своерачен потпис од одгледувачот на пријавата на легло
- своерачно да бидат потпишани сопствениците на мажјакот и на женката на потврдата за парење,
Доколку документацијата не е потполна со горенаведеното, документацијата ќе биде враќана на Вашето кинолошко друштво/расов клуб за дополнување.
Со почит,
Претседател на
Кинолошки сојуз на Република Македонија
Сашо Пешев