ЕКСПОРТНИ РОДОВНИЦИ
Нострификација на родовниците (вовед во македонска родовна книга) на кучињата купени во било која странска држава ќе се врши само на експортен родовник издаден од сојузот на државата каде што е купено кучето. Експортниот родовник мора да го има името, презимето и адресата на македонскиот сопственик, верификувано од матичниот сојуз каде што е издаден родовникот.
За нострификацијата на (странски) експортен родовник мора да се приложи оригиналот од родовникот и оценска листа на која што кучето е позитивно оценето.