Географската положба на Република Македонија, нејзините природни ресурси, убавите планински предели богати со вегетација, високите брдовити рамнини и големите пасишта, допринеле луѓето кои живееле и се населувале во овие краишта од дамнешни времиња се занимаваат со сточарство. Одлгедувањето на овци била една од најразвиените сточарски гранки во минатото која допринела и за развитокот на една од најхаризматичните раси на кучиња ШАРПЛАНИНЕЦ.
Историјата на оваа раса според многу сознанија и пратпоставки почнува уште во многу дамнешни времиња. Овие краишта се познати по многу археолошки локалитети. Археолошките локалитети се доказ на цивилизациите кои некогаш живееле на овие простори. Анализирајќи ги остатоците од овие стари населби од кои некои се неолитски, пронајдени се предмети, украси во форма на кучиња и тоа не било какви, туку со молосоидна форма, кои до некаде ја докажуваат тезата дека тука живееле кучиња, претци на денешиот ШАРПЛАНИНЕЦ.
Мислења и претпоставки на некои историски аналитичари се дека родоначалниците на денешните шарпланинци ги донел Александар Македонски (Велики), повлекувајќи се од Азија, што се надоврзува со пронајдените слики од опкружувањето на владетелот Александар Македонски (Велики), каде се прикажани молосоидни кучиња кои наликуваат на денешниот Шарпланинец. Некои претпоставки се дека предците на шарпланинецот се донесени со големите преселби на народите од Азија, но по новите истражување покажале дека тој води потекло од Балканскиот Полуостров, поточно од планинските масиви на Македонија (Шарпланина, Кораб, Стогово, Бистра и Маврово).
Во историјата од минатите векови од времето кога со Македонија владеела турската империја, се воделе таканаречени книги “Дветери” во кои се запишувала популацијата на домаќинствата: луѓе, стока и кучиња. Овие книги служеле за водење на евиденција за собирање данок во тоа време и тие се заштитени во историскиот архив во нив може да се прочита дека само во Галичник во 1901 година имало 12000 овци и 700 шарпланинци. Во дваесетите години од минатиот век кога Македонија припаѓала во Кралството СХС бил формиран и кинолошкот сојуз на СХС и од тогаш почнале првите кинолошки испитувања на тлото на Македонија во врска со тогаш се уште не признаената раса ШАРПЛАНИНЕЦ, се до 1939 година кога под бројот 41 шарпланинецот и официјално е признат од страна на FCI.
По завршувањето на Втората светска војна Македонија е една од шесте Југословенски републики во тогашна повоена Југославија кога кинологијата добива посериозни размери. Во тоа време полека и расата шарпланинец почнува да се одгледува помасивно, со тоа што многу елитни примероци од планините се симнати во урбаната средина, кадешто се направени обиди расата да се модернизира и урбанизира, што придонело за нејзина популаризација.
Популарноста на шарплнинецот допринесува за да од шеесеттите па се до деведесттите години многу шарпланинци од бачилата на планините се однесени во останатите републики во тогашна Југославија и земјите на Западна Европа. Многу елитни примероци завршиле во центрите на Југословенската народна армија каде биле одгледувани како службени кучиња. Армијата во тоа време била една од клучните фактори во одгојот на Шарпланоинецот.
По распаѓањето на Југославија во раните девдесетти години во Македонија и Србија се регистрираатв повеќе одгледувачници за Шарпланинци, овој тренд е пропратен и пошироко во светот. Југославија беше матична држава на Шарпланинецот и уште неколку раси на кучиња кои по распадот на државата од страна наFCI еа доделени на државите кои настанаа со распадот на Југославија. Така Србија и Македонија ја добиа матичноста на расата Југословенски овчарски пец ШАРПЛАНИНАЦ.
Високите институции во Македонија сметаа дека шарпланинецот е национална гордост па така решија куваницата од еден денар да ја посветат на Шарпланинецот кои заслужено се најде на оваа монета. Исто така ликот на Шарпланонецот се наоѓа и на поштенската марка издадена од Македонски Пошти. Битно е да се напомене мислењето на некои стручњаци кога се зборува за шарпланинецот од Македонија, притоа значајно е да се истакне: “Клучните својства се наследени од песот што на подрачјето на Македонија постоел пред многу години”. Оваа раса и ден денес изворно е присутна и распостранета во ареалот на високо планинските пасишта на планинските масиви од Македонија. Шарпланинецот најбројно бил застапен на Шарпланина по која го носи и своето име.
Шарпланинецот е силен е добро граден пес. Обраснат е со долги густи и груби влакна, со силна конструкција, мирен темперамент, доста добро ќуден, но по потреба многу остар.