Галерија

24.02.2013

На 24.02.2013 година во Крушево во хотелот Монтана, а во организација на Кинолошки Сојуз на Република Македонија, се одржа СОВЕТУВАЊЕ ЗА ШАРПЛАНИНЕЦОТ. На овој стручен собир беа присутни над 60 учесници-познавачи и љубители на оваа наша раса на кучиња од сите краеви на Македонија. Советувањето го отвори Претседателот на КСМ, г-динот Панче Дамески кој укажа на значењето и интересот за оваа раса, како и заложбите за во иднина. Потоа, според дневниот ред г-динот Перо Божиновски елаборираше за настанокот и стандардизација на расата, улогата и местото на КСМ во ФЦИ. Исто така, во рефератот се осврна на досегашните резултати и успеси на специјализираните изложби, државните првенства, националните, меѓународните и европските изложби. Презентирани беа статистички податоци во однос на бројот на кинолошките судии (за Шарпланинецот), одгледувачниците, бројот на леглата, национални, европски и други шампиони. Понатаму, се осврна и кон промоции на расата преку филателија, нумизматика, семинари, стручни трудови и книги за расата кои беа детално образложени. Г-динот Миле Алексоски се осврна на стандардот на Шарпланинецот како и на резултатите од мерењата на изложбите. Примероците на изложбите и добиените резултати укажуваат на потреба од промена на стандардот. Г-динот Проф. Д-р Владимир Џабирски во излагањето го потенцираше научниот пристап кон расата, како и за законската регулатива и грижата на државата за оваа наша автохтона раса. Во текот на големиот дел од ова излагање, г-динот Славен Ристески имаше богата презентација на слики со ,,изворни,, типови на Шарпланинци од крушевските бачила. За долгогодишен придонес во унапредувањето на расата КСМ додели благодарници на нашата ѕвезда – Тоше Проески (посхумно), Славен Ристески и Перо Божиновски. Во текот на кафе паузата присутните имаа можност да видат мала ревија на Шарпланинци, разменат искуства и подобро да се запознаат. Во вториот дел на советувањето се одвиваше активна дискусија во која учествуваа одгледувачи, кинолошки судии и љубители на расата. Се дискутираше за одгледувањето, проблемите, стандардните мерки, бојата, големината, карактерот итн. Советувањето заврши со усвојување на заклучоци по што беше организиран заеднички ручек во пријатна и весела атмосфера. Расположението беше на висина, а присутните со песна го потврдија задоволството од успешната организација. Благодарејки на љубезноста на домаќините беше организирана групна прошетка до гробот и меморијалниот центар на Тоше Проески. Секако дека радува инсистирањето на присутните овој собир да прерасне во традиционален.

Д-р. Вет. Мед. Спец. Перо Божиновски

Кинолошки сојуз на Р. Македонија

Природните убавини на Република Македонија изобилуваат со прекрасни пејсажи богати со големи пространи низини и висорамнини кои придонеле да се развива сточарството.
повеќе...

Контакт

ул. Коста Шахов бр.6-1/1
Поштенски фах 728 1000 Скопје
Телефон: 02/3085 860 Факс: 02/3085 860
e-mail: karmkd@gmail.com