Објави

Одлука за задолжително мерење на кучиња од расата Германски шпиц и Пудла

Почитувани,

СС при КСМ донесе Одлука за задолжително мерење на кучиња од расата Германски шпиц – 5 ФЦИ група и Пудла – 9 ФЦИ група, како на вонредни оценувања, така и на организирани изложби.

Најголем број од експорт родовниците од повеќето држави, а пред се од КС на Р. Србија, во родовниците се запишани само како Германски шпиц и Пудла.

Според стандардите постојат повеќе вариетети, затоа е потребно да се изврши мерење на овие раси на возраст од најмалку навршени девет месеци и во оценскиот лист задолжително ќе се наведе расата: Среден, мал, џуџест шпиц – Померанец, или ако е во прашање пудла: тој, мала, средна или голема. Мерките мора да бидат објективни (мерење на висината со метро – изразени во цм) и задолжително мора да бидат запишани во оценскиот лист.

Контакт

ул. Коста Шахов бр.6-1/1
Поштенски фах 728 1000 Скопје
Телефон: 02/3085 860 Факс: 02/3085 860
e-mail: karmkd@gmail.com

 

Кинолошкиот сојуз на Р. Македонија активно се вклучува во борбата против Covid 19 и за таа цел одобрува донација, доброволна и безусловна помош во форма на финансиски средства, во износ од 1.000.000 ден (еден милион денари),  за потребите на ЈЗУ УКлиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Со оваа Одлука се подржуваат иницијативите за справување со пандемијата на коронавирусот и за таа цел КСМ дава свој мал допринос во глобалната битка.

Covid-19