Објави

Важно соопштение

Кинолошкиот сојуз на Република Македонија се оградува и не ги поддржува кинолошките настани кои ќе бидат организирани од господинот Милан Галиќ од Србија, на територија на Република Македонија.

Овие настани не се поддржани од стручните тела при Кинолошкиот сојуз на Република Македонија, а со што се доведува во прашање и самата стручност на господинот Милан Галиќ, како и квалитетот на настаните кои ќе бидат одржани во негова организација.

Во врска со најавите за организирање кинолошки настани од странски државјани на територија на Република Македонија, Кинолошкиот сојуз  остро се спротивставува и  ги осудува како нелегитимни.

Против сите учесници на вакви нелегитимни и без согласност на Кинолошки сојуз на Република Македонија настани, ќе бидат преземени соодветни мерки пред органите на Сојузот и пред надлежните државни институции.

 

Претседател на Кинолошки сојуз на Република Македонија

Сашо Пешев

Кинолошки сојуз на Р. Македонија

Природните убавини на Република Македонија изобилуваат со прекрасни пејсажи богати со големи пространи низини и висорамнини кои придонеле да се развива сточарството.
повеќе...

Контакт

ул. Коста Шахов бр.6-1/1
Поштенски фах 728 1000 Скопје
Телефон: 02/3085 860 Факс: 02/3085 860
e-mail: karmkd@gmail.com