Актуелно, Објави

Советување за расата Шарпланинец

СОВЕТУВАЊЕ ЗА РАСА ШАРПЛАНИНЕЦ - 11 Март 2017 година, Скопје

Кинолошкиот сојуз на Р.Македонија на ден 11.03.2017 година (сабота) организира СОВЕТУВАЊЕ ЗА ШАРПЛАНИНЕЦ. Советувањето ќе се одржи во салата Национал во хотелот Белви во Скопје со почеток во 17 и 30 часот. Овој стручен собир ќе се одржи во пресрет на Државното првенство за раса Шарпланинец што ќе се одржи на ден 12.03.2017 година (недела) на терените на хотелот Белви во Скопје.

Дневен ред

од 17:30 до 17:35 часот – Отворање на советувањето –ДВМ Миле Алексоски – Генерален секретар на КСМ

од 17:35 до 17:40 часот – Поздравни зборови на присутните

од 17:40 до 18:00 часот – Воведен реферат – ДВМ Спец. Перо Божиновски – Претседател на Стручен совет на КСМ

од 18:00 до 18:15 часот – Кафе пауза

од 18:15 до 20:00 часот – Дискусија

од 20:00 до 20:10 часот – Заклучоци

На сите учесници им посакуваме успешна работа, пријатен престој и убаво дружење.

Претседател Сашо Пешев

Кинолошки сојуз на Р. Македонија

Природните убавини на Република Македонија изобилуваат со прекрасни пејсажи богати со големи пространи низини и висорамнини кои придонеле да се развива сточарството.
повеќе...

Контакт

ул. Коста Шахов бр.6-1/1
Поштенски фах 728 1000 Скопје
Телефон: 02/3085 860 Факс: 02/3085 860
e-mail: karmkd@gmail.com