Објави

СВЕТСКИ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ БЕСНИЛОТО

besnilo

Светската здравствена организација го одреди 28 Септември за светски ден за борба против беснилото.  Одбележувањето отпочна во 2007 година, кога беа вклучени 74 земји, за  денес да бидат преку 125 .

Датумот  е одреден во чест на  францускиот микробиолог Луј Пастер, кој ја развил првата вакцина против беснило, а кој починал на 28 Септември 1895 год.

Беснилото е опасна и смртоносна заразна болест кај многу животински видови и човекот, предизвикана од вирус, кој го напаѓа нервниот систем   и е 100% фатален кај невакцинираните единки.

Денес беснилото се среќава на сите континенти, освен на Антарктикот , а во развиените земји е под контрола. Преку 90% од смртните случаи се во Африка, Азија и Средниот Исток, каде вирусот е широко распространет . Според статистичките податоци преку 3,3 милиони луѓе живеат со ризкот од беснило, а 59 илјади луѓе годишно умираат низ целиот свет (половина од тоа се деца под 15 годишна возраст).

Една од причините за зголемениот број на жртви е ниската свест на сопствениците на животни за важноста на редовното вакцинирање против беснило.

Затоа целта на одбележувањето на овој ден е да се подигне свеста , да се потенцира важноста на превенцијата и да стави под контрола  оваа фатална болест.

 На глобалниот состанок организиран од FAO, GARC, OIE, WHO, во Женева минатиот декември беше едногласно одлучено да се делува во остварување на целта ,,0,, од човечки жртви до 2030 година.

Оваа година, кога денот на борбата против беснилото се одбележува по десетти пат, логото е : Едуцирај, Вакцинирај, Елиминирај  !

Во таа насока  докторите по ветеринарна медицина во малата пракса, упатуваат апел до сите сопственици на домашни миленици да се зголеми свеста  за ризикот од невакцинирање на домашните миленици,  со цел да се зголеми опфатот на вакцинација, кој во овој момент е незадоволителен.

Исто така повикуваме да  се покаже посветеност и одлучност на општествената заедницата  да се обезбеди  понатамошна поддршка за елиминирање на оваа фатална болест, како за животните, така и за човекот.

Вакцинирањето против беснило на кучињата и мачките е законска обврска, истата започнува на возраст од 4 месеци ,а вакцината е  потполно безопасна за миленикот. Ревакцинација се врши еднаш годишно.

Не чекајте ! Вакцинирајте го вашиот миленик и помогнете во елиминација на беснилото!

Кинолошки сојуз на Р. Македонија

Природните убавини на Република Македонија изобилуваат со прекрасни пејсажи богати со големи пространи низини и висорамнини кои придонеле да се развива сточарството.
повеќе...

Контакт

ул. Коста Шахов бр.6-1/1
Поштенски фах 728 1000 Скопје
Телефон: 02/3085 860 Факс: 02/3085 860
e-mail: karmkd@gmail.com