Актуелно, Објави

Известување по однос на одржување на редовно годишно собрание на КСМ 2015

Почитувани Кинолошки друштва и клубови,

Ве известуваме дека редовното годишно Собрание на Кинолошки сојуз на Република Македонија кое што започна на ден 21.02.2015 година ќе продолжи на ден 14.03.2015 година.

Во врска со тоа ве известуваме дека со самото отворање на собранието, собранието започна и делегатите не можат да бидат сменети, бидејќи листата на присутни делегати и тоа за секој одделно со име и презиме потпишани за присуство е затворена и потврдена од страна на верификационата комисија, а имајќи во предвид дека се работи за продолжение на собранието кое започна на 21.02.2015 година, тоа се истите делегати што треба да се присутни кои се уредно потпишани на списокот со листа на присутни делегати, кој е затворен и потврден.

Со почит,

Кинолошки сојуз на Република Македонија

Контакт

ул. Коста Шахов бр.6-1/1
Поштенски фах 728 1000 Скопје
Телефон: 02/3085 860 Факс: 02/3085 860
e-mail: karmkd@gmail.com